Search

Борисов по Самитот: Што треба да кажам, дека на крајот и ние сме Македонци?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, на прес конференцијата по самитот ЕУ-Западен Балкан порача дека цврсто ја подржуваат Северна Македонија на патот кон ЕУ, но сепак цврсто стојат на ставот дека нема отстапки од договорот за добрососедство.

Неговата, како што вели, најпријателска порака е Македонија да остане на патот.

Борисов потврдил дека го поддржува ветувањето на ЕУ кон Западен Балкан за соработка и помош, но додал дека слушнал недозволливи изјави.

Особено, како што вели, го боли што Бугарија се нарекува фашистичка држава и дека не ги спасила Македонците, туку само бугарските евреи. Ваквиот одоговор на Борисов доаѓа по изјавата на претседателот Пендаровски дека ако услов е да се откажеме од јазикот и нацијата тогаш не ни треба Европска унија. Но, тука секако е и спорот со тоа чиј е Гоце Делчев.

„Ние први ги поддржавме за НАТО. За што не сме ги поддржале. Што треба да правиме, да излеземе и на крајот да кажеме дека сме Македонци? Ние завршивме работа, ги почитуваме и би им дал најбратски совет да не си поставуваат самите невозможни услови“, истакнува Борисов.

Треба да знаете
Последни објави