Мета загрижен по последниот извештај на Фридом Хаус за демократијата во Албанија

Албанскиот претседател Илир Мета изрази длабока загриженост за извештајот на Фридом Хаус, каде се наведува дека  Албанија бележи пад на демократијата во текот на изминатата година, поконкретно за демократско управување и изборните процеси.

Според него тоа е „ѕвоно на аларм” кое бара делување и одговор од сите.

– Длабоко загрижен од заклучоците на извештајот на Фридом Хаус. Влошувањето на показателите за нивото на демократија, падот на управувањето и изборниот процес бараат одраз и одговор од сите. Заклучокот во извештајот: „Од Тирана до Тбилиси, оние што се на власт не се заинтересирани да го направат Парламентот место каде што се дискутира е силно алармно ѕвоно, напиша Мета на Фејсбук.

Тој додаде дека е потребна нова траекторија на демократијата и итно воскреснување. Како цел, тој ги наведува исполнувањата на условите дадени од ЕУ и европската интеграција без задоцнување.

Време е за итно воскреснување и за нова траекторија на демократијата, владеење на правото и почитување на човековите права, со цел што побргу да се исполнат условите поставени од Европска Унија, за да може целосно да се интегрира земјата без одлагање, напиша Мета.

Треба да знаете
Последни објави