Search

Се истумба струшко„БМВ“, двајца повредени

На 04.05.2020 во 11.10 часот било пријавено дека на магистрален пат Охрид- Кичево Е.А.(41) од с.Лабуништа, струшко, управувајќи патничко возило „БМВ“, со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил совозачот С.Н.(30) од с.Лабуништа, по што биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

 

Треба да знаете
Последни објави