Search

Економијата тоне, дупката во буџетот ќе биде 1.3 милијарди и сето тоа поради неспособноста на СДСМ да ја менаџира кризатa

Зоран Заев повторно лаже на ангро. Македонија тоне, а тој вели блескаме. Сме биле најдобри. За да при крајот на емисијата да сврти и да каже дека сепак следуваат тешки денови за економијата.

Економијата ќе помине низ тешки моменти заради аматеризмот на СДСМ и кражбата која ја приредија изминативе 3 години.

Економијата нема свежи пари, фирмите се оставени сами на себе, владата одвојува најмалку пари за стопанството од цела југоисточна Европа.

Економијата е буквално на респиратори, преживува сама со сопствени средства. Заради неповолните услови голем дел од стопанствениците нема ни да аплицираат за средствата на владата, по цена и да трпат уште поголеми загуби.

Вистинските штети допрва доаѓаат.

Буџетската дупка која Заев ја направи само во првите три месеци од годината е 120 милиони евра, за цела година истата ќе биде и до 1.3 милијарди. Тоа се пари кои ќе се позајмат и потрошат, едноставно ќе се покријат штетите од неспособноста на власта да менаџира со кризата.

И на толку потрошени пари и расфрлани средства, не се најде ниту денар за набавка на заштитна опрема и дезинфициенси.

Иако државата тоне, власта не презема одговорност. Напротив неодговорно почнува да се однесува и со здравјето на луѓето, па во ек на корона сака да оди на избори за да го ублажи поразот. Заев е подготвен да ја зарази цела нација, само за поразот да му биде помал.

 

Заев на изборите ќе доживее дебакл и затоа тој сака по цена на животите на граѓаните да се избори за помал пораз.

Проаѓа времето на неодоворни политичари. Граѓаните ќе го казнат Заев за рушењето на економијата и поигрувањето со нивното здравје.

 

Треба да знаете
Последни објави