Search

(Фото) Ветер превртел полициски хеликоптер на скопскиот аеродром

Полициски хеликоптер се превртел на пистата на скопскиот аеродром во Петровец.

Како што информираат од МВР , денеска околу 11:30 часот на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје” од кога наполнил гориво, хелихоптер на МВР M-17 од засега непознати причини паднал при полетување. Во него биле пет лица.

Според првичните информации едно лице се здобило со лесни телесни повреди.

Хеликоптерот претходно бил на лет во рамки на тренажен процес, односно за обука на екипажот. По слетувањето на платформа во аеродромскиот дел се превртел на пистата. На лице место увид вршат припадници на полицијата, а истрагата ја води комисијата за испитување на сериозни воздухопловни инциденти.

Треба да знаете
Последни објави