Search

Струшки угостител ќе плати 5.000 евра казна за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлози за издавање казнени налози против 8 физички лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно тие биле затекнати надвор од нивните домови за време кога во сила била Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. За сите обвинети обвинителството на Судот му прдложи да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби, а зависно до имотната состојба на обвинетите, предлогот на обвинителството за висината на една дневна глоба се движи од 5 до 30 евра во денарска противвредност.

Еден  обвинет, управител на правно лице, бил затекнат како нуди угостителски услуги, со што не ја почитувал Одлуката на Владата на Република Северна Македонија од 14 март 2020 година со која се забрани работењето на кафетериите, баровите, клубовите, спортските обложувалници и казината. Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, јавниот обвинител поднесе Предлог за издавање казнен налог со кој за физичкото лице побара парична казна во износ од 2000 евра во денарска противвредност, а за правното лице предложи парична казна во износ од 5000 евра во денарска противвредност.

Треба да знаете
Последни објави