Се одржа првиот музички хепенинг на покривот на Џевахир скај сити

Со голема гледаност преку лајф стрим преносот и атрактивните имиња од музичката сцена се одржа првиот музички хепенинг на покривот од една од кулите на Џевахир скај сити. Од 41. кат од кулата А, на висина од 130 метри, Наде Талевска и Горан Наумовски, Тринити Стрингс и Диџеј Тодороф со своите изведби ги забавуваат граѓаните за време на празничниот викенд.

Овој музички настан можеше да се следи во живо преку преносот, а на граѓаните од целата држава што се вклучија во него им понуди одлична забава. А покрај музичкото доживување, за сите што го следеа хепенингот понуди и единствено визуелно панорамско доживување на градот во мајското предвечерје.

Во организацијата на овој уникатен музички настан учествуваа Општина Аеродром и Џевахир скај сити, а целта беше преку следење на музичкиот настан граѓаните да се приклучат кон хепенингот и на овој начин, секој од својот дом, иако одвоени, сепак заедно да поминат убава вечер во дружба и забава.

Треба да знаете
Последни објави