Search

Почна уписот на студенти на Универзитето на Југоисточна Европа во Тетово

Од денеска до 19 септември трае повикот на Универзитетот на Југоисточна Европа за запишување нови студенти во академската 2000/2021 година. Прием на студенти ќе се врши во сите три циклуси – дипломски, постдипломски и докторски студии на сите пет факултети на Универзитетот.

-Правото на апликација е отворено за сите кандидати кои ги исполнуваат условите и критериумите предвидени со повикот. Кандидатите треба да ги достават документите наведени на Студентски услуги (на Универзитетскиот кампус во Тетово или во Скопје) или по пошта. Во повикот објавен на интернет страницата на Универизитетот може да се најдат сите потребни податоци за критериумите за запишување. Потребно е да се пополни онлајн апликација, да се уплати задолжителна такса, да се напише кратка биографија/мотивациско писмо како и да се достават потребни документи-дипломи за завршено образование, извод од родени и документ за идентификација, информираат од Универзитетот.

При уписот се тестира познавањето на англискиот јазик на кандидатите. Тестирањето не значи елиминација на кандидатите.

Треба да знаете
Последни објави