Карпош ќе го уредува зеленилото кај зградите во Тафталиџе

Општина Карпош од утре, (05.05.2020 година) ќе започне со уредување на зеленилото меѓу зградите на улицата „Московска“, во Тафталиџе, во близина на пазарчето. Комуналните служби на Општината ќе ги кастрат сувите гранки и ќе го подготвуваат теренот за обнова на зеленилото, на потегот кој со години делуваше запуштено. Општина Карпош ќе засади нова тревна површина и ќе постави систем за наводнување.

Локалната самоуправа продолжува со интензивно одржување на постоечкото и подигнување на нови зелени површини.

Треба да знаете
Последни објави