Search

Досега 100 уметници учествуваа во програмата „Култура во време на корона“ на Скопје

До денеска 100  уметници  со своите изведби беа дел од програмата „Култура во време на корона“ на Град Скопје. На над 20 локации во осум скопски општини се одржаа изложби, видеоарт презентации, перформанси, концерти на солисти и групи,  диџеи и состави на класична музика, како и театарски изведби.

Овие настапи беа стримувани на фејсбук страницата и на Youtube каналот на Град Скопје и имаа над 400.000 прегледи.

За потсетување, Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13.04.2020 година, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.

Сите учесници добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.

 

Треба да знаете
Последни објави