Search

Вардар и Еурофарм Пелистер се приклучуваат напролет, можност за третопласианите екипи од првата лига?

Сеуште европскиот шампион Вардар и Еурофарм Пелистер поднесоа барање да бидат ослободени од регуларниот дел на Супер лигата, а многу веројатно РФМ ќе им излезе во пресрет.

Идејата на РФМ да ги вклучат Вардар и Еурофарм Пелистер во регуларниот дел на Супер лигата само може да им отежни на најмоќните македонски тимови, премногу било да одиграат 55-60 натпревари во сезона.

Ако биде прифатен овој предлог се отвара можност на третопласираните екипи од Првата лига да се најдат во најдобрата лига во Македонија.Тоа се Јуниор Кисела Вода и Младост Богданци.Регуларниот дел ќе брои 16 екипи, првите 4 најдобропласирани од двете групи плус Вардар и Еурофарм Пелистер ќе го сочинуваат плејофот.Останатите осум низ плеј-аут ќе се борат за опстанок.

Останува РФМ да одлучи како ќе изгледаат сите лиги за наредниот период и кои екипи ќе ги испрати во Европа.

Треба да знаете
Последни објави