Search

Никој службеник не смее да зема пари, по примерот на Зоран Заев, за тоа што согласно закон е должен да го направи

СДСМ е единствена партија во Европа која што е водена од криминалец три пати аболиран за најтешки дела. СДСМ е партија која функционира само со Луј Витон куфери, рекет и трас-трас судство. Соработници на Заев шверцуват цигари, малтретираат граѓани, местат тендери и тонат во криминал по урнек на нивниот аболиран водач.

Сите што сториле криминал треба да одговараат, вклучувајќи го и Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ го осудува и бара најстрога санкција за секој кој злоупотребува позиција и зема поткуп.

Бараме институциите на системот најбрзо да постапат согласно закон.

За ВМРО-ДПМНЕ нема дилеми. Никој службеник не смее да зема пари, по примерот на Зоран Заев, за тоа што согласно закон е должен да го направи.

Секој кој земал поткуп мора да одговара. Примерот на неказнивост кој го поддржа СДСМ со Зоран Заев и неговата аболиција, не смее да стане пракса.

За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не поддржува криминал.

Треба да знаете
Последни објави