Search

Меркел:Вакцината против коронавирусот мора да биде достапна за сите луѓе

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека вакцината против коронавирусот мора да биде достапна за сите луѓе. Во неделната видео-порака Меркел соопшти дека се работи на пронаоѓање вакцина, лекови и успешна дијагностика за сите луѓе на светот.

-Германија е еден од домаќините на конференција побарана од ЕУ за да се обезбедат финансиски средства за пронаоѓање меѓу другото на вакцина против коронавирусот. Денеска за изработувањето на вакцината според проценките недостасуваат уште осум милијарди евра – соопшти Меркел.

Германија е свесна колку е одговорна во оваа акција и ќе ја поддржи со значајни финансиски средства и ќе ја следи одблиску работата околу развојот на вакцината.

Главна цел на Германија ќе и биде да се спасат милиони човечки животи во светот. За тоа ќе соработуваат со Светската здравствена организација кој во оваа работа има значајна улога. Кога вакцината ќе биде одобрена треба да биде достапна за сите луѓе и затоа мора да биде произведена во големи количини.

Треба да знаете
Последни објави