Search

Бројот на починати од Ковид19 во 13 европски земји е за 60 отсто поголем од официјалниот

Смртните случаи од коронавирусот би можеле да бидат и 60 проценти повисоки отколку што се официјалните бројки, покажува анализата на „Фајненшл тајмс“ за жртви на пандемијата во 14 земји.

Во сите анализирани земји, освен во Данска, бројот на смртни случаи е далеку поголем од официјалниот број на смртни случаи од коронавирусот.

Вишок на смрт е една од основните епидемиолошки мерки што означува зголемување на бројот на починати лица во една област. Најчесто се изразува како отстапување од бројот на смртни случаи во однос на претходната година, така што одреден број на смртни случаи може да се припишат на појава на некоја болест, во случајов Ковид-19.

– Некои европски држави на тој начин пријавуваат изразен вишок на смртни случаи, како што се Белгија, Италија, Франција, Шпанија и Велика Британија, додека оние кои се помалку погодени од вирусот немаат таков вишок, стои во анализата.

Треба да знаете
Последни објави