Search

Јавниот превоз за празникот ќе функционира од 5 до 14 часот

Јавниот превоз в петок (1.5.2020 година), в сабота (2.5.2020 година) и в недела (3.5.2020 година) ќе функционира од 5 до 14 часот, а автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Во прилог/фото се последните термини на поаѓање пред 14 часот.

Другиот тековен возен ред, до исклучувањето на возилата до 14 часот, може да се види на веб-страницата www.jsp.com.mk.

В петок (1.5.2020 година) и в недела (3.5.2020 година) од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците на Зеленото пазарче и во Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот).

В сабота (2.5.2020 година) од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај дирекцијата на ЈСП „Скопје“.

Центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит-пазар и центарот на Транспортен центар (автобусот) ќе бидат  отворени од 7.30 до 12 часот.

Услугите на ЈСП „Скопје“ може да се купат и во над сто маркети и трафики, дел од секундарната продажна мрежа на претпријатието. Посочениот режим на јавниот превоз и работното време на билетарниците е во согласност со одлуката на Владата на РСМ за ограничено движење на граѓаните за време на првомајските празници.

Треба да знаете
Последни објави