Search

Пендаровски: Има размислувања дека уредбите важат додека има вонредна состојба, потоа мора да ги потврди парламентот

Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „360 Степени“ одговараше на прашање за тоа која е потребата тема на лидерска средба да бидат изборите кога владата донесе уредба за продолжување на изборните дејствија по завршувањето на вонредната состојба.

„Не би сакал да им наметнувам нови задачи од областа на правото на овие што се правници од власта и од опозицијата, меѓутоа, постои размислување дека уредбите со законска сила важат додека важи вонредната состојба. Потоа, за да евентуално продолжат да важат треба Собранието да ги потврди. Ако ги потврди ќе продолжат да важат, ако не, нема да важат. Тоа е едно од правните мислења кои ми го кажуваат, ми го советуваат тие што мене ме советуваат во правната сфера. Не велам дека тоа е дефинитивна вистина, меѓутоа, само сакам да го кажам тоа, вели Пендаровски и додева дека уредбите кои ги носи Владата имаат сила на закон, но и дека Владата има законодавна моќ само додека има вонредна состојба.

Треба да знаете
Последни објави