Search

Гран при на Унгарија ќе се одржи без гледачи

Гран при на Унгарија ќе се одржи без гледачи освен ако не биде откажана. Натпреварувањето во Унгарија се одржува од 31 јули до 2 август.

Сепак, поради пандемијата од коронавирус, раководството во Формула 1 работи на измени во календарот за сезоната 2020 година.

Гран-при на Австралија, Монако и Франција веќе се откажани и фазите во Бахреин, Виетнам, Канада, Кина, Холандија, Шпанија, Азербејџан и Канада се одложени на неодредено време.

Главниот извршен директор во Формула 1, Чеис Кери, рече дека плановите се да се одржат 15 до 18 трки, а почетокот е закажан за 3- 5 јули во Австрија.

Треба да знаете
Последни објави