Search

Во Италија донесоа решение за Серија „А”

Сите 20 клуба во Серија „А” гласаа за завршување на италијанската фудбалска сезона.

Иако Торино и Бреша досега остро се спротивставуваа, а Масимо Челино дури објави дека неговиот тим нема да излезе на теренот доколку се реши да се обнови првенството, денес овие два клуба гласаа „за”. Ова се случи за време на денешната видео конференција меѓу претставниците на 20-те клубови.

Резултатот од гласањето значи дека и федерацијата и клубовите ќе работат за завршување на сезоната.

Сепак, сега, владата мора да го даде своето одобрение.

Денес стана јасно дека четири клуба – Болоња, Парма, СПАЛ 2013 и Сасуоло, веќе добиле дозвола во понеделник да продолжат со тренинзите.

Треба да знаете
Последни објави