Search

Четворица дебрани преку планина избегале во Струга додека траел карантинот

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.М.(21) од дебарското село Отишани, А.Џ.(20) од селото Џепиште, О.И.(29) и К.Н.(20), двајцата од селото Долгаш.

Пријавените постапиле спротивно на одлуката за постоење кризна состојба, со која е забрането движење односно влез и излез на подрачјето на Дебар и Центар Жупа, и на 05.04.2020 самоиницијативно го напуштиле подрачјето на Дебар и преку планина се упатиле кон Струга.

На 06.04.2020 околу 13 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги затекнале во патнички автомобил на регионалниот пат Струга-Охрид, во близина на селото Подмолје.

 

Треба да знаете
Последни објави