Search

Тетовец со изгореници во болница, му експлодирала гасна боца

На 29.04.2020 во 09.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека при експлозија на плинска боца, настанал пожар во куќата на 74-годишниот М.Х., на ул.„146“ во Тетово. М.Х., обидувајќи се самиот да го изгасне пожарот, се здобил со повреди на лицето и рацете, по што бил префрлен во Клиничка болница Тетово.

Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот бил целосно изгаснат, а увид извршила екипа од СВР Тетово.

Треба да знаете
Последни објави