Search

Пендаровски и Драги Ѓоргиев се оградуваат од ставот дека Делчев и Мисирков се Бугари

Претседателот Пендаровски и претседателот на македонскиот тим од комисијата на историчари со Бугарија, Драги Ѓоргиев се оградуваат од ставот на Денко Малески дека Делчев и Мисирков се бугари пренесува 24вести.

Идентитетот на Гоце Делчев од македонско-бугарската комисија повторно ги разбранува духовите меѓу Македонија и Бугарија. Како што истакна во отвореното студио на 24 анализа, професорот Ѓорѓиев појасни дека на последните 4 средби се дискутирало за тоа и тука застанал напредокот во разговорите.

Тоа и било очекувано зошто Делчев е чувствителна тема за која двете историски наративи имаат крајно спротивставени ставови за идентитетското прашање на Делчев за кое Ѓорѓиев веќе истакнал дека не е работа на комисијата да го утврдува неговиот идентитет.

„Целта на комисијата е да препознае кај Гоце Делчев нешто што може да не спои како два народи и тој да биде заеднички чествуван, а не ние да го решаваме тоа прашање. Аргументите се исти, архивските документи се писмата и оштавтината, но толкувањето на тие документи е различно. Постојат документи каде тој се декларира како Македонец, а постојат и документи каде пишува за формирање на автономна државичка, како што ја вика.“ – вели професорот Ѓорѓиев.

Според него, Делчев поминал низ образовниот систем во бугарски школи, каде тие школи тогаш се формирани да градат бугарски национален идентитет кај младите и не можело да се очекува да градат македонски идентитет.

„Идентитетот не е биолошка категорија. Се раѓаме како луѓе и формираме идентитет.“ – вели Ѓорѓиев.

Треба да знаете
Последни објави