Search

Најчевска: Одлуките на Владата треба да ги преиспитаат Собранието и Уставниот суд

„Еден проблем што го гледам е дека беа донесени многу рестриктивни мерки, вонредна состојба, полициски час и многу ограничено движење. Дојде до неконтролирана концентрација во Владата, која што и најдобрите намери може да ги претвори во нејзини резултати“, смета професорката Мирјана Најчевска.

„Не беа создадени специфични тимови, кои освен со здравствениот апсект, ќе се занимаваа и со сите економски елементи и човекови права, односно сите последици од овие ограничувања. Основната грешка е отсуството на искористување на целокупниот интелектуален капацитет, кои што и стои на располагање на Владата“, дополнува таа.

Според неа, Собранието и Уставниот суд мораа повеќе да се вклучат и да ги преиспитаат одлуките на Владата.

„Владата добро се носеше со медицинскиот аспект на ситуацијата, но многу слабо се носи со она што претставува вистинско информирање и инволвирање на граѓаните во самите мерки. Тие само дадоа заповеди и забрани, а не дозволија луѓето да се спротивстават и кажат своето мислење“, заклучува професорката.

Треба да знаете
Последни објави