Search

МТСП со потсетување за законската обврска: Компаниите да исплатат празнична дневница на работниците што ќе работат на празник

Први мај -Денот на трудот согласно Законот за празниците е државен празник и е неработен ден за сите вработени.

Министерството за труд и социјална политика потсетува дека работниците кои работат на ден на празник определен со закон, согласно Законот за работните односи, имаат право на надоместок на плата и додаток на плата.

Согласно Законот, работодавачот е должен за работа на државен празник претходно писмено да го извести подрачниот државен инспекторат за труд.

Секое прекршување на регулативата работниците можат да го пријават во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31 или на мејлот poplaki@dit.gov.mk

Треба да знаете
Последни објави