Search

Дерковски: Не е возможно за 23 дена да се организираат избори

Оливер Дерковски претседателот на ДИК во гостувањето во отвореното студио на 24 анализа вели дека треба да се создадат услови за избори. Потенцираше дека сериозно треба да се размисли како би се одвивале процесите. Уредбата на владата е недоречена зошто нашата изборна регулатива и уставот не познава запирање на одредени дејствија.

„Имаме нова ситуација кога треба со консензус да се изнајде решение да се определи нов датуим за изборите како би можела ДИК да го спроведе целиот процес. Треба да се отворат многу прашања околу начинот на исполнувањето на сите законски процедури за организирањето на изборите. Тогаш излегуваат над 1 милион граѓани на гласање и во самата организација учествуваат 35 000 членови и најмалку толку вои набљудување на процесот, а тука се и странските набљудувачи.“ – рече Дерковски.

Според него, нема заклучен избирачки список и во случај да се прекине ситуацијата и тој мора да се ажурира.

„Имаме нови полнолетни и починати лица, променети документи. Значи избирачкиот список треба да се ажурира и достави до политипчките партии. Не е возможно во рок од 23 дена да се организираат избори, а има и уште една пречка, без разлика на уредбата, нема датум на изборите. Тоа прво мора да се реши.“ – вели Дерковски.

Треба да знаете
Последни објави