Search

Две жени тешко повредени во два истумбани автомобили во Струмичко

Две жени се тешко повредени, а уште петмина со лесни повреди завршиле во болница по две сообраќајни несреќи, вчера во Струмичко, информираше МВР.

Првата сообраќајка се случила околу 13 часот на регионалниот пат село Дабила -село Петралинци,  кога Ј.Р.(52) од Штип, управувајќи автомобил „фиат пунто“ изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата тешко повредена била сопатничката С.П.(45) од Берово, а лесно повредени се возачот и сопатничките Ј.Б.(55) и Н.Б.(51) исто така од Берово. Повредените веднаш биле пренесени во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.

Околу 18.35 часот на магистрален пат Струмица- Ново Село, на делница од зубовска раскрсница кон Ново Село излетал автомобил „бмв“ што го управувал Љ.Б. (47) од Струмица.

Во незгодата тешко е повредена сопатничката Б.М.(43) од Струмица, која е префрлена во Медицински центар Струмица, а со телесни повреди се здобиле возачот Љ.Б. и сопатникот Р.А. Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Струмица.

Треба да знаете
Последни објави