Search

Делије и Гробари во жесток судир, се слушнале и истрели

Навивачите на Партизан и Црвена Звезда, поточно најжестоките фракции од двата табори повторно денес имале конфликт.

Како што пренесуваат соседните медиуми, околу 15 часот на потегот од Музејот на Тито, стадионот на Партизан и Прокоп дошло до жестока пресметка како на акционен филм.

Како што се сведочи, се слушнало и пукање што последните години за жал стана редовен начин на пресметките.

Полицијата го потврди настанот, но не излезе со повеќе детали, додека од Брзата Помош истакнаа дека немале повици за споменатиот настан.

Во судирот учествувале околу 50 навивачи.

Треба да знаете
Последни објави