Search

ВМРО-ДПМНЕ: Додека се простуваме од нашите роднини, соседи и пријатели, Заев ги граба парите од граѓаните

СДСМ во налетот на предизборна корупција која ја почнаа во првите три месеци од почетокот на годината до денес потрошија 120 милиони евра повеќе од што собрале во буџетот.

СДСМ само во првите три месеци го задолжи секое македонско семејство за 15.000 денари. Грабежот кој СДСМ го спроведува е полош и со поразорни последици за државата дури и од тој во транзицијата.  Буџетската дупка е двојно поголема од тоа што била до сега, односно во годините 2017, 2018 и 2019 година.

Алчноста и корумпираноста на СДСМ не донесоа во тешка економска состојба за време на криза. Само во месец март, кога и почна кризата, буџетската дупка е 50 милиони евра. Падот на БДП од 4% како што прогнозира ММФ уште толку ќе ја влоши економската состојба.

Доколку СДСМ вака продолжи буџетската дупка до крајот на годината ќе изнесува над 1.3 милијарди евра. Тоа се пари кои владата ќе треба да ги позајми, а нема да бидат потрошени ниту на развој, ниту на заживување на економијата, туку само на гол опстанок. СДСМ ја девастираше економијата. Последиците се несогледливи.

Треба да знаете
Последни објави