Високи казни во Грција за непочитување на новите мерки и правила

Казната за неносење маска во Грција на местата каде што е задолжителна употребата, се очекува да биде 150 евра, според грчките медиуми, додека пак предвидени се високи парични казни и за непочитувањето на мерките и правилата во продавниците, фризерските и козметичките салони и слично, јави дописничката на МИА од Атина.

Медиумите во Грција објавија дека неносењето маска во јавниот превоз, во затворените простории, односно онаму каде што е задолжително, парично ќе се казнува со 150 евра.

Министерот за внатрешни работи на Грција, Такис Теодорикакос во интервјуто за грчката телевизија „Антена” рече дека „не се потпираме на систем на казни, туку на свесен обид од сите”.

За прекршување на правилата и заштитните мерки, бизнисите ќе се казнуваат парично но и со привремено затворање, а казните се согласно големината на бизнисот и се движат од 2.000 до 100.000 евра.

Надлежни за контроли се Генералниот секретаријат за трговија и заштита на потрошувачи, полицијата и општинската полиција, регионалните ревизорски служби, Трудовата инспекција и Управата за јавни приходи.

Треба да знаете
Последни објави