Search

Австрискиот канцелар Курц најави нов пакет за поттикнување на економијата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц и вицеканцеларот Вернер Коглер денеска најавија нов пакет за поттик на економијата.

На прес-конференција тие рекоа дека покрај 38 милијарди евра брза помош против кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, сакаат да почнат со среднорочни мерки против претстојната рецесија.

Тие најавија инвестиции на државата во инфраструктурата, екологијата и термичко санирање, што ќе ја зајакне економијата и ќе создаде работни места.

Курц истакна дека владата со новите мерки има три конкретни цели, а тоа се растеретување на даноците на вработените, олеснување на економијата со цел зачувување, односно создавање работни места и инвестиции во заштитата на климата, дигитализација и регионализација.

Деталите допрва треба да бидат изработени и наскоро ќе бидат презентирани.

Владата препорача да се продолжи со работа од дома, секаде каде што е можно, бидејќи тоа го намалува ризикот од зараза во канцелариите

Треба да знаете
Последни објави