Црна Гора втор ден нема заразени од коронавирусот

Во Црна Гора и понатаму нема новозаразени со коронавирус, а досега вкупно заболени се 321, соопшти Институтот за јавно здравје во земјата.

-Од вчерашниот пресек на состојбата до утринава во 8.45 часот, лабораторијата на Институтот завршила анализа на 57 примероци меѓу кои немало нови случаи на инфекција со коронавирус, се наведува во соопштението.

Во Црна Гора ниту во вчерашниот извештај немаше забележано нов случај на коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави