Демократскиот сојуз на Косово многу брзо ќе ја официјализира новата владина коалиција

Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) се очекува во наредните два дена да ја официјализира коалицијата со опозициските Алијанса за иднината на Косово (ААК), Социјалдемократска иницијатива (Нисма) и Алијанса ново Косово (АКР) и со пратениците на партиите на малцинските етнички заедници за формирање на новата влада на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Шефот на пратеничката група на ЛДК Арбен Гаши, по денешниот состанок на пратеницие со партискиот лидер Иса Мустафа им изјави на новинарите дека се обезбедени 64 гласа во 120-членото Собрание на Косово за кабинетот што ќе го формира кандидатот на ЛДК за премиер, Авдулах Хоти.

– Очекуваме со формализирањето на коалицијата, што се очекува да се направи мошне скоро, во текот на денешниот или утрешниот ден да го доставиме до Собранието барањето за одржување седница за формирање на Владата на Косово, изјави Гаши.

Треба да знаете
Последни објави