Search

19 години од несреќата кај Вејце, Петровска и Тасевски положија цвеќе во чест на загинатите бранители

Дополнителната Министерка за внатрешни работи – Славјанка Петровска и Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, положија цвеќе во чест на загинатите бранители на местото на заседата кај С. Вејце.

03

Денеска Дополнителната Министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска и Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, заедно со Националниот координатор за воени и полициски ветерани, Стојанче Ангелов, положија цвеќе на местото во С. Вејце каде што во заседа загинаа осумтемина Македонски херои во 2001 година.
– Илче Стојановски (24)
– Кире Костадиновски (24)
– Бошко Најдовски (25)
– Марјан Божиновски (27)
– Миле Јаневски (30)
– Бобан Трајковски (28)
– Роберт Петковски (27)
– Игор Костески (26)

Вечна им слава на Македонските херои, никогаш нема да бидат заборавени.

 

Треба да знаете
Последни објави