Search

Советот на Град Скопје за првпат ќе одржи седница преку интернет конференциска врска

Советот на Град Скопје денеска ќе ја одржи седмата вонредна седница која поради состојбите со корона вирусот ќе се одржи преку Интернет конференциска врска. Оваа седница се организира согласно со одлуката на Владата на Република Северна Македонија која донесе Уредба за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за локалната самоуправа, согласно која претседателот на советот на општината може да свика и да раководи со седница на советот, и со употреба на комуникациски средства (телефон или конференциска врска со употреба на Интернет комуникација и софтверски алатки).

На денешната вонредна седница Советот на Град Скопје ќе расправа по дневен ред со 4 точки, и тоа:

  1. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на град Скопје за 2020 година;
  1. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Програмата за финансирање на јавните установи и активностите од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2020 година;
  1. Предлог-Одлука за донесување на регулациски план на Генерален урбанистички план 2012-2022 година за четврт ССЗ 01; и
  1. Предлог-Одлука за донесување на регулациски план на Генерален урбанистички план 2012-2022 година за четврт З 01.
Треба да знаете
Последни објави