Search

Петре Шилегов на минималец, остатокот ќе го донира за борба против епидемијата

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави статус во кои наведува дека се откажува од дел од  својата плата и ќе ја уплаќа во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид 19.

„Живееме во време во кое секој од нас, треба да покаже барем малку солидарност и колективна одговорност. Државните функционери (секој од нас поединечно) треба да предначат во тоа чувство на одговорност. Седете дома (иако е тешко). Секој од нас е одговорен за своето и јавното здравје. Почитувајте ги препораките за социјална дистанца и носење на заштитна опрема. Во извештаите за состојбата на заболените, луѓето се само бројка, но, почитувани, таа бројка може да биде било кој од нас. Секој е важен. Секој човек е важен“, додава тој.

Пратениците, директорите, судиите, обвинителите и сите останати избрани и именувани лица за април и мај нема да бидат на минималец, односно и понатаму ќе продолжат да земаат целосна плата, бидејќи Уставниот суд денеска ги поништи Уредбите на Владата.

Треба да знаете
Последни објави