Search

Општина Бутел започна акција за донирање на својот стар компјутер

Со почетокот на изведбата на он-лајн наставата за учениците која отпочна како последица од затаварање на училиштата од пандемијата со корона вирусот, увидовме дека не секое семејство има дома компјутер за своето дете ученик.
Од таа причина, Општина Бутел упати апел до сите сограѓани и стопански субјекти кои имаат домашни или службени  персонални комјутери кои не ги користат или на кои кои им е потребна поправка, или дополнителна инсталација ( куќиште, монитор, тастаура, приклучоци и маус) да ги донираат во Општина Бутел. Општина Бутел и ИТ Секторот ќе ќе ги оспособуваат технички донираните комјутери кои подоцна ќе ги подели во општинските основни училишта на Бутел, каде што директорите на училиштата веќе имаат списоци со поднесено барања од родители кои не се во можност да ја следат наставата од овие причини.
Со оваа акција, сакаме да донираме бесплатен комјутер за секој ученик од социјално загрозено семејство, каде има деца ученици од различни возрасни групи, а треба да следат електронска настава за различен степен на образование.
ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ. ДА СИ ПОМОГНЕМЕ ВО КОРОНА КРИЗАТА СИТЕ ЗАЕДНО!
Треба да знаете
Последни објави