Search

Зоолошката градина се подготвува да ги отвори вратите за посетителите кон средината на месец мај

Зоолошката градина во Скопје која не работи месец и половина се подготвува да биде отворена со 500 до 1.000 посетители дневно. Тоа ќе претставува постепеното отварање на Зоолошка градина, кое се планира да се случи во средината на месец мај. Покрај ограничениот број на посетители кои можат да прошеатата во ЗОО, и билетите за посетителите ќе се продаваат електронски за да не се создаваат редици пред билетарницата.

-Ги следиме искуствата од другите зоолошки градини низ Европа, кои исто така поради пандемијата на КОВИД-19 беа затворени. Зоолошката во Љубљана пред неколку дена беше отврена за посетители, исто и градините во Германија. Согласно препораките на Владата и олабавување на мерките, и скопската градина ќе почне да прима посетители, но многу помалку за разлика од порано. Дневно ќе може да ја посетат од 500 до 1.000 граѓани, со оглед на тоа дека станува збор за простор од 30.000 метри квадратни. Сите посетители задолжително ќе мора да носат заштитни маски. Вработените веќе работат со заштитна опрема маски и ракавици, вели  Ѓорѓи Галетановски, директорот на скопската Зоолошка градина.

Со отворањето на вратите за посетителите ќе биде отворео и новото живеалиште на фламингата, кои пред десетина дена се стигнати во Скопје и се во карантин за да се привикнат на новата средина. Во градината во моментов се гради живеалиштето за пингвините, кои штом се отворат границите ќе стигнат од Лондон. Градината ќе добие и алпаки, а летово треба да биде отворен и Дино паркот.

 

Треба да знаете
Последни објави