Search

Богдановиќ ќе истаржува која ставил три наместо девет сантиметри асфалт на улица кај Универзална сала

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ ќе отвори постапка да се испита кој е виновникот што на улицата 9 мај, кај Универзална сала, наместо девет сантиметри асфалт ставено е само три, или тројно помал слој.

Општината Центар почна со реконструкција на улицата и при градежните работи утврдено е недостаток на дебелината на стариот асфалт. Градоначалникот Богдановиќ вели дека станува збор за недомаќинско и неодговорно работење од страна на неговите претходници и заради тоа ќе се преземат соодветни мерки односно тужби. Богдановиќ на својот Фејсбук профил објави статус за несовесното и неодговорно работење на претходната локална власт.

-Според проектот за реконструкција изготвен во 2007 година кога градоначалничка е Виолета Аларова, дебелината на слојот требала да биде 9 сантиметри, додека на терен фактичката состојба укажува на трикратно намалување, односно изведена е со дебелина на асфалт од само 3 сантиметри. Изведбата е завршена во 2009 година кога градоначалник е Владимир Тодоровиќ. Општината за пропустите во овој случај ќе отвори постапка за вештачење, за да се утврди во чиј период е направен пропустот, по што ќе се поднесат соодветни тужби, вели Богдановиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави