(Видео) Нeнси Пелоси го поддржа Џо Бајден во трката за претседател на САД

Спикерот на американскиот Претставнички дом, Ненси Пелоси објави дека го поддржува Џо Бајден во трката за претседател на САД, пренесува „Спутник“.

„Џо Бајден се бореше за нашата здравствена заштита, за нашите семејства и за иднината на нашите деца. Во својата работа тој внесува вредности и интегритет. Тој е глас на разумот и отпорот кој ќе се бори за народот. Денес, горда сум што ќе го поддржам во трката за претседател на САД“, напиша Пелоси на Твитер.

Бајден стана најверојатен кандидат на Демократска партија што ќе се соочи со Трамп на изборите во ноември по повлекувањето на сите ривалски претседателски кандидати од Демократската партија, вклучително и Берни Сандерс.

Претходно во април, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, кој се повлече од трката, ја повика својата база да го поддржи неговиот поранешен ривал Бајден, велејќи дека им е потребен на Американците во Белата куќа.

Треба да знаете
Последни објави