Search

Шалтерите на ЈП „Водовод и канализација“ со ново работно време

ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, согласно новонастаната ситуација со коронавирусот во нашата земја, препораките и насоките на Владата и Министерството за здравство како и новите временски интервали за полициски час, кои се однесуваат на спречување на ширењето на коронавирусот, воведува измени во работното време.

Во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје од 27.04.2020 година, шалтерите за наплата на сметки ќе работат со ново работно време и тоа од понеделник до петок од 8 до 17 часот и сабота од 08 до 13 часот.

Теренските активности ќе се одвиваат само во случај на дефект или во специфични ситуации.

Во овој момент, со цел почитување на препораките за спречување на ширењето на КОВИД -19, ве повикуваме да ја искористите можноста дадена преку електронските сервиси на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, со која нашите услуги се поблиску до вас. – Посетете ја нашата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk и информирајте се за сите настани поврзани со работата на претпријатието. Електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје за физички, а отсега и за правни лица се достапни на e.vodovod-skopje.com.mk. За полесен и побрз пристап до услугите на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје на располагање на граѓаните е и мобилната апликација на претпријатието, веќе достапна за Android и IOS. – Искористете го вашето време разумно и скенирајте ги QR кодовите достапни на флаерот доставен со сметките за месец март, 2020 година, кои директно ве водат до мобилната апликација на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје и до електронските сервиси на e.vodovod-skopje.com.mk. Бидете во чекор со времето, пополнете го формуларот достапен на флаерот за електронска достава на вашата фактура.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, заинтересираните граѓани може да се обратат на:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;  02 3240 300, Дирекција; kontakt@vodovod-skopje.com.mk; www.vodovod-skopje.com.mk;  www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

Само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме јавното здравје. Јавното здравје е наша заедничка одговорност.

Треба да знаете
Последни објави