Чулев предлага пократок првомајски карантин

Граѓаните се одговорни, совесни и генерално ги почитуваат мерките за ограничување на движењето. Тие се свесни за ризикот кој го носи заразата од Covid 19 и ги применуваат мерките за заштита на своето здравје, смета министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, кој предлага скратен првомајски карантин.

-На денешната седница на Координативниот штаб во владата уште еднаш го афирмирав мојот став дека неопходно е одлуките кои ќе се донесат да не бидат во насока на заострување на мерките за движење. Во таа насока, а во пресрет на продолжениот викенд за 1 мај, сметам дека владата треба да донесе одлука која ќе биде идентична на изминатиот викенд. Секое ограничување кое ќе биде построго и поригирозно негативно ќе се одрази на граѓаните. И понатаму стојам на ставот дека шумите и планините треба да останат отворени во периодот кога е дозволено движењето за граѓаните, но тие да се користат за рекреирање, а не за групирање на граѓаните. Апелирам до граѓаните да ги почитуваат одлуките кои се однесуваат на задолжителна употреба на соодветна заштитна опрема, а Министерството за внатрешни работи, односно полициските службеници и понатаму ќе стојат во првите редови во заштита на животот и здравјето на сите нас, напиша Чулев на Фејсбук.

https://www.facebook.com/NakjeChulev/photos/a.112821600244643/153230722870397/?type=3&__xts__%5B0%5D=68.ARDnYBOKJK9ms-C_vdQg_u31W44k1nGGQklliCAUS-lfct0d-PhhaC8QtAMMUpXwo9u2Wa5_Nu6ifSZdJoUeTGuyV8MDXeZg2qmBDK6aGYV8-LK9qQ51O825uqbb8yBUNougmuewy0znKCtSrqeK6mm65hD4B3hIaQn0K3NXUKM1SgFddUwYefo_DQeL64bzmV2fq4swDQfQmqm4NaNgxQKfGIa3TOVrv5WYZSlRJe9JaUaHkLl4T9JzouuftxqsG07c4F0wdVrRZZ0XoLFHkCo3N68I_y8EaL1-r1PRnZuMXTf6JamqyvQqVP5ZYtygRE_kgbHUNi1x0s7ZuzNBA08&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави