Search

Таткото на Игуаин: Самиот ќе реши за својата судбина

Односите меѓу италијански Јувентус и Гонзало Игуаин постојано ја менуваат бојата, а со секој изминат ден ситуацијата станува се помалку јасна.

Драмата започна кога Игуаин ја напушти Италија да биде со својата болна мајка во Аргентина. Подоцна клубот ги повика своите играчи да се вратат, но напаѓачот одлучи да остане во неговата родна земја.

На управата не и се допадна ова и според „Тутопорт”, „бјанконерите” повеќе не сакаа да го задржат Игуаин во својот состав.

Таткото на фудбалерот реши да интервенира и да даде повеќе појаснувања за ситуацијата.

„Не е точно сè што е напишано за мојот син. Можам да ви кажам едно: Гонзало ќе остане во Јувентус затоа што има уште една и пол година до истекот на неговиот договор, па тој ќе го почитува тој факт и ќе го исполни договорот. За 18 месеци, Гонзало ќе одлучи што ќе прави, бидејќи тој самиот решава за сопствената судбина. Тоа е реалноста. Може да ве уверам дека дури и во главата на Игуаин, не се размислува за разделба со Јуве, каде е многу сакан, изјави Жорже Игуаин за „Л.М. Некуен”.

Треба да знаете
Последни објави