Помпео: САД стојат зад Северна Македонија во време на криза

Државниот секретар Мајк Помпео денеска во разговар со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, го поздрави полноправното членство на земјата во НАТО и одлуката на ЕУ да започне пристапни преговори.

-Овие два историски настана станаа можни благодарејќи на Преспанскиот договор склучен во 2018 година, истакна Помпео.

Првиот човек на Стејт департментот високо го оцени лидерството на Пендаровски и Владата за достигнување на овие клучни стратешки цели. Како што се истакнува во соопштението на Стејт департментот, САД се убедени дека тоа ќе придонесе кон повеќе стабилност и прогрес на Западен Балкан.

Помпео и Пендаровски исто така разговарале и за меѓународните напори во борбата со Ковид-19.

Државниот секретар исто така истакнал дека САД стојат зад Северна Македонија во ова време на криза.

Треба да знаете
Последни објави