Search

Пановски: Пикот помина пред десетина дена

Професорот доктор Никола Пановски за емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Тв изјави дека пикот е поминат пред десетина денови кога имавме 107 заразени за еден ден.

„Овие мерки беа преземени за посериозна состојба и затоа сега бројот ќе паѓа. Според мене, мислам дека немавме пик, односно ако може да се смета тоа за пик, го имавме пред десетина денови. Радува фактот што и процентот на позитивни тестови паѓа, па така ако претходно имавме 10% од вкупните тестови да се позитивни, деновиве тој процент изнесува 7.

Тој уште еднаш нагласи дека кривата се спушта и дека и самите епидемиолози се сигурни дека пикот е поминат.

„Очекувам уште 15 дена, бројот на починати  пациенти да остане ист, а можеби и да расте“, дополнува Пановски.

Пановски изјави и дека сегашните мерки требало да бидат на сила и пред велигденските празници, како и за тој викенд, односно дека немало логика од 4 часот да почнува полицискиот час, туку само да било воведено задолжителното носење на маски.

Треба да знаете
Последни објави