Search

Кисела Вода обезбеди 100 пакети за жителите од социјално ранливите категории

Општина Кисела Вода преку соработката со бизнис заедницата од овој дел на Скопје и Црвен Крст-Кисела Вода, покренаа нова акција за помош на социјално загрозените лица. Од денес, до крајот на неделава ним ќе им бидат дистрибуирани сто пакети со храна, пијалаци и средства за хигиена.

Помошта ја обезбеди Општина Кисела Вода преку соработката со општествено одговорните компании-“Макомаркет”, “Душегупчани,” “Стокомак”, “Везешари”, “Рајска градина” со кои и досега многупати им е излегувано во пресрет на жителите од социјално ранливите категории.

Воедно, потсетуваме дека во насока на правилно спроведување на мерките и препораките за заштита, превенција и спречување на ширење на корона вирусот КОВИД-19, Општина Кисела Вода заедно со Црвениот Крст-Кисела Вода, обезбеди мобилни тимови кој им помагаат на ранливите категории граѓани за време на полицискиот час.

На овој начин лицата од општината со попреченост или инвалидност, лицата во самоизолација, повозрасните лица, и сите останати жители со одредени хронични болести, кои имаат неопходна потреба од некаква помош како набавка и достава на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена, можат да се јават на телефонскиот броеви Црвен крст Кисела Вода:  070/379-456 и 02/3211-417, по што бесплатно ќе ја добијат услугата што им е потребна.

Треба да знаете
Последни објави