Search

Германија издвојува 300 милиони евра за загрозени од пандемијата ширум светот

Германија одвои 300 милиони евра за хуманитарна помош ширум светот за борба против коронавирусот, соопшти денеска германското Министерство за надворешни работи.

Тоа е одговор на повикот за помош од ОН, Меѓународниот Црвен крст и Црвената полумесечина. Министерот за надворешни работи Хајко Мас изјави денеска дека луѓето во воените зони, бегалските кампови и земјите со преоптоварени здравствени системи се особено изложени на ризик за време на пандемија.

Средствата ќе бидат наменети за разни организации, вклучително и Светската здравствена организација, Меѓународната организација за миграција, Црвениот крст и Црвената полумесечина, Светската програма за храна и Високиот комесаријат на ОН за бегалци.

Треба да знаете
Последни објави