Search

Во Турција уапсени 402 лица поради провокации на социјални мрежи во врска со Ковид-19

Турската полиција уапси 402 лица поради провокативни пораки на социјални мрежи во врска со пандемијата на новиот коронавирус, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.

Министерството посочува дека во изминатите 42 дена биле проверени вкупно 6.362 профили на социјалните мрежи заради провокативни пораки, идентификувани се 855 осомничени, а 402 се уапсени.

Турските власти следат лица осомничени за ширење гласини за коронавирусот или лица кои го критикуваат одговорот на Владата на пандемијата.

На крајот на март, Министерството за внатрешни работи објави дека 410 лица биле приведени поради слични обвиненија.

Треба да знаете
Последни објави