Влезот во Грција за летување ќе биде со мерење на температура и тестови за коронавирусот

Во очекување да се крената граничните рампи и да почне да се движи народото, Грција каде туризмот е една од водечките гранки на националната економија прави стартегија како да ги прими гостите, а притоа да се заштити дека нема да се продолжи битката со пандемијата од коронавирусот. Грците подготвуваат пакет на мерки за летото, каде туристичката сезона би почнала во јули. Се размилува патувањата да можат да релизираат само под „одредени нови правила“, објави грчкиот министер за туризам.

-Ако сакаме да размислиме за можноста за патување оваа година, мора да има одредени нови правила. Треба да имаме нови правила за хотелите, нови правила за плажи, нови правила за базени, нови правила за кафе-баровите, нови правила за туристички автобуси, објаснува министерот за туризам Хари Теохарис во интервј за „Гардијан“.

Како ќе функционираат регулативите и како ќе изгледаат, барем во Европа, ќе бидат главните теми на дискусија помеѓу министрите за туризам на ЕУ на земјите-членки на ЕУ на состанокот закажан за денеска. Тие, исто така, ќе разговараат за безбедносните мерки, како и дали да се издадаваат сертификати за имунизација. Исто така, веројатно ќе се појави и прашањето за проверки на температурата на патниците и тестови на крвта пред летовите.

Светскиот туризам е меѓу најтешко погодените сектори, во кој се вработени околу 75 милиони луѓе. Во Грција, туризмот претставува 20% од БДП и обезбедува едно од пет работни места во земјата.

Теохарис предвидува дека Грција може да ја посети „помалку од една третина од туристите кои одмораа во земјата во 2019 година. Минатата година Грција ја посетиле 33 милиони туристи, што е трипати повеќе од вкупното население на балканската држава. Земјата објави невиден приход од туризам од 18,2 милијарди евра минатата година.

 

Треба да знаете
Последни објави