Search

ВИДЕО: Руски ловец му се приближил на моќниот американски носач на авиони Џорџ Вашингтон

Во описот на снимката се наведува дека американски ловци успеале да го пресретнат рускиот авион кога тој стигнал на 30 километри од бродот, што не го спречило тој да му се приближи на Џорџ Вашингтон.

Авторот на снимката истакнал дека руските пилоти при пресретнувањето се однесувале професионално.

Иљушин Ил-38 е советски и руски противбродски авион со среден дострел тој може да достигне брзина до 650 километри на час.

УСС Џорџ Вашингтон е американски носач на авиони од класата „Нимиц“. На бродот може да се разместат над 6.000 војници и до 90 авиони и хеликоптери.

Треба да знаете
Последни објави