Search

„Бутел“ ги намали цените за погреб за жртвите од ковид-19 за 7 до 10 илјади денари

Цените за погреб за семејствата на жртвите од Ковид 19 во Бутел погребен сервис АД, се намалуваат за 7 до 10 илјади денари дознава Слободен печат од извори во претпријатието.

Семејствата на жртвите на коронавирусот кои немаат избор како ќе го погребаат покојникот, поради протоколите кои налагаат лимен сандак, пластична вреќа во која се става телото на починатиот, како и залемувањето на двата сандака, се изложени на високи давачки за погребални услуги. 

Бутел погребен сервис АД Скопје денеска донел одлука на Управен одбор, на вкупната фактура за погребални услуги да се минусираат 7 до 10 илјади денари за сите погребални случаи каде покојникот починал од ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави