Богоевски: Амнестијата е политички компромис и резултираше со политички придобивки

Пратеникот Павле Богоевски од СДСМ во денешното гостување во отвореното студио на 24 анализа зборуваше за правните аспекти особено во поглед на амнестијата. Тој истакна дека амнестијата е врзана со правната разрешница со која се намалува прогонот на учениците и е удар на правдата.

Според Богоевски, придобивката е силната и цврсто изразена волја на закондавниот дом да гази по европскиот пат. Боговески не се кае заради тогашната одлука, тоа не било единствен удар на правдата, тука било и бегството на Груевски и однесувањето на Катица Јанева.

„Амнестијата е политички компромис и резултираше  со политички придобивки, влегувањето во НАТО, немањето на билатерални спорови. Имаме отворено преговори за членство во ЕУ. Ова беше незамисливо пред три години.“ – вели Богоевски.

Според него најголема придобивка било во економијата, во поглед на зголемувањето на платите. Богоевски потенцираше дека најважно е да се дознае улогата на секој од учесниците.

Во жестока расправа со пратеникот Крсто Јовановски, Богоевски потенцираше дека секој учесник со своето однесување ги исполнил условите на кривична постапка.

Треба да знаете
Последни објави